Ајакс е новиот шампион на Холандија, откако во средба од претпоследниот 33-ти круг го победи гостинот Утрехт со 4: 1, а најдиректен конкурент за трофејот ПСВ загуби на гостувањето од АЗ Алкмар со 0: 1. Така круг пред крајот „Филипсите“ заостануваат со три бода и имаат значително полоша гол разлика од својот долгогодишен ривал. Ајакс ја освои титулата за прв пат од сезоната 2013/14 и тирумфирајќи и со Купот на земјата минатата недела, се поздравува со двојна титула.

Фудбалерите, предводени од Ерик Тен Хаг не дозволија, очајот од несреќното отпаѓање во Шампиионска лигата во текот на неделата да им попречи да ја завршат работата денес. Сепак, натпреварот започна со кошмарно за тимот од Амстердам со гол на Утрехт во првата минута. „Црвено-белите“ сепак брзо се вратија во натпреварот преку погодокот на Клас Јан Хунтелар, а Дони Ван де Беек ги изведе за прв пат напред на крајот на првото полувреме. По паузата Ајакс постигна нови два гола, дело на Душан Тадиќ / 75 и 80. мин.

Тимот на ПСВ, кој ја брани титулата, одигра прилично лош натпревар во Алкмар, каде што загуби од 0: 1. Единствениот гол постигнат во натпреварот беше дело на домашниот играч Гус Тил. ПСВ не успеа да упати ниту еден точен удар кон голот на АЗ и заслужено ќе остане втор во Ередивизи.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO