Иван Николов
Иван Николов

Пендаровски победи на претседателските избори благодарение на албанските гласови. Истата слика ја видовме и во 1999 година, кога во вториот круг Борис Трајковски исто со гласовите на Албанците стана претседател. Разликата: тогаш Албанците го поддржаа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, сега е обратното. Тогаш Албанците им дадоа рамо на силите кои се бореа против конјуктурата на титовизмот, сега тие ставаат сопирачка пред опасноста од реставрација на политичката и идеолошката стагнација и го отвораат патот за евроатланската перспектива на земјата.

Сето тоа е добро, но новиот претседател на младата држава ќе се судрира со се порастечкиот национализам на албанските партии, особено на движењето Беса и Алијансата на Албанците.

Овие две, релативно нови формации под изговор дека војуваат со корумпираността на елитата во партијата на Али Ахмети, всушност наметнуваат се повеќе претензии за етнички права и „рамноправност“, кои ги надминуваат демократските вредности и правила.

Стравувањата на некои аналитичари дека отсега натаму премиерот Заев и претседателот Пендаровски, ќе треба да се заблагодаруваат за албанската поддршка, откриваат широк простор за опозицијата да ги еродира првичните чекори на новиот претседател, колку и адекватни и навремени да бидат тие.

Главното прашање што изникнува пред претседателот Пендаровски е ќе успее ли тој да се претвори во коректив на власта, или ќе се согласува со секое нивно решение, каков што пристап наложи досегашниот шеф на државата Ѓорге Иванов.И тука примерот со Борис Трајковски не треба да се заборави . Тој дојде со безрезервна поддршка на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, но брзо се еманципираше.Во каков степен и по цената на што, тоа е друга тема.

Задачата пред претседателот Пендаровски, како и пред Владата на Зоран Заев е да погледнат позадлабочено на процесите кои протекуваат внатре на државата. Досега вниманието беше насочено кон стратешката ориентација и затоа Заев ја добиваше безусловната поддршка на сите меѓународни демократски фактори. Отсега натаму истите тие претставници на ЕУ и НАТО ќе гледаат со лупа што се прави за надминување на длабоката поделеност во општеството, какви се чекорите за надминување на сиромаштијата, неправдата, наследени од Груевски и Мијалков шуро-баџанаштината. Не ја спомнуваме корупцијата, бидејќи таа веќе стана универзално зло, развевано како страшило кон земјите кои ги прават првите чекори во полето на демократијата, како сицилијанската мафија и Чикашките гангстери да пркнале некаде во Југоисточна Европа.

И покрај се, проблемот со корупцијата нема както да не се претвори во проблем број еден за претседателот. Ќе посегне ли тој на привелегираните партиски величини кои уште од времето на Киро Глигоров и Бранко Црвенковски се здобија со дебели економски парчиња од распаѓачката државна економија? Ќе ја најде ли во целата сложена плетенка од патеки, сопствената си јасно исцртана линија по која ќе врви храбро, без да се вслушува во кресоците од лево и од десно!? Ако тој се посвети на сопствените високи одговорности, ќе треба да посегне врз многу привилегии на многу „озаконети“ престапи врз идеолошките заблуди на поголемиот дел од неговите сопартијци. Ќе се наметне, конечно, тој многу внимателно да навлезе во сложената анатомија на заблудите, наслоени околу митологиите за АСНОМ и Вториот Илинден и да предизвика јавна дебата на сите наметнати србокомунистички митови за македонистичката државност.

Со други зборови, на новиот македонски претседател Стево Пендаровски му претстојат жестоки битки со сите неправедно привилегирани партиски активисти, економски шарлатани и национални фундаменталисти. Му претстои и мачен процес на преиспитување на сите лажни вредности во општеството, кои за жал пропагандата, и сега – и од лево, и од десно – по инерција, продолжува да наложува со високи децибели.

––––––––––––––

Иван Николов е новинар, публицист и издавач. Тој е главен и одговорен уредник на списанието „България-Македония“ и директор на издавачката куќа Св. Климент Охридски. Иван Николов е еден од најголемите познавачи на балканските прашања, автор на бројни статии и книги на оваа тема. Текстот е напишан специјално за БГНЕС.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO