Зголемување на инвестициите и раст од три отсто годинава и во наредната 2020 година предвидува за земјава Европската банка за обнова и развој во извештајот за перспективите на економиите на државите од Западен Балкан.

Најновата прогноза на ЕБРД беше соопштена на Годишниот состанок во Сараево. Договорот за за името со Грција се очекува да го забрза напредокот за пристапување во ЕУ и да придонесе за подобри изгледи за инвестиции и развој: „По речиси минималниот раст во 2017 година, во 2018 година економскиот раст се зголеми на 2,7 отсто врз основа на силното зголемување на извозот и опоравувањето на приватната и јавната потрошувачка. Очекувањата, според ЕБРД, се во 2019 година растот во Северна Македонија да достигне 3 отсто со зголемување на инвестициите, што би требало да продолжи и во 2020 година“.

Европската банка за обнова и развој очекува во 2019 година да продолжи стабилниот раст во шесте земји од Западен Балкан, и покрај заладувањето во меѓународното економско опкружување што може да придонесе за забавување на растот во некои од земјите во регионот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO