Бугарскиот ултрамаратонец Красимир Георгиев го започна предизвикот да истрча 1200 километри од Црно до Јадранско Море. Тој започна со трчањето во 9 часот наутро од Варна.

Бугаринот ќе мине последователно низ Бургас, Пловдив, Софија, Скопје, Битола, Охрид, Елбасан, Тирана и Драч по маршрутата на паневропскиот транспортен коридор №8.

Предизвикот Corridor8 се спроведува под мотото „Сврзаност“ и има за цел, освен да ги обедини активните луѓе од Бугарија, Северна Македонија и Албанија, да го охрабри уште развојот на инфраструктурните врски, спортот, туризмот и бизнисот меѓу трите земји.

Може да го следите движењето на Георгиев на сајтот на предизвикот или да го гледате неговото трчање на видеото подолу.

Трчањето ќе биде проследено со иницијативи во градовите низ кои ќе помине. За време на предизвикот со него има тим кој ќе ја следи неговата состојба.

Маршутата од Црно Море до Јадранско Море е најдолгата ја презема бугаринот. Во своите претходни иницијативи, Георгиев трчал непрекинато 36 и 55 часа.

Планот на Георгиев за предизвикот од Црно Море до Јадранско Море:

8 мај: Варна – Несебар

9 м: Бургас – Сливен

10 мај: Сливен – Стара Загора

11 мај: Стара Загора – Пловдив

12 мај: Пловдив – Панагуриште

13 мај: Панаѓуриште – Софија

14 мај: Софија – Ќустендил

15 мај: Ќустендил – Крива Паланка

16 мај: Крива Паланка – Скопје

17 мај: Ден за одмор во Скопје

18 мај: Скопје – Тетово

19 мај: Тетово – Кичево

20 мај: Кичево – Охрид

21 мај: Охрид – Елбасан

22 мај: Елбасан – Тирана

23 мај: Тирана – Драч

25 мај: Церемонија по завршување на трчањето

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO