Неколкугодишниот проект „Поврзување“ на Културно-информативниот центар  на Република Северна Македонија во Софија, оваа 2019 година се прошири и збогати со групна тематска изложба на дела од 21 уметник од двете земји.

Изложбата е насловена „Интеграција на идентитети“ и беше отворена минатата ноќ во Балабанова куќа во Пловдив, кој годинава е престолнина на европската култура.

„По неколкугодишното заедничко делување и дружење, авторите Марјан Ѕин, Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Тричковски,  Маријана Иванова, Перица Георгиев и Иво Пецов, кои се од Северна Македонија, но живеат и работат во Бугарија, изразија желба за проширување на проектот, во кој се вклучија еминентни ликовни автори од Северна Македонија (Ибрахим Беди, Роберт Јанкулоски, Атанас Ботев, Ацо Станкоски, Исмет Рамиќевиќ, Шќипе Мехмети и Колектив Зеро) и Бугарија (Десислава Христова, Генади Гатев, Иван Ќуранов, Лилјана Караџова, Росен Тошев, Свилен Стефанов и арт дуетот ninavale – Нина Ковачева и Валентин Стефанов)“, соопшти КИЦ во Софија за изложбата која се реализира со поддршка од Министерството за култура и во партнерство со институтот Стар Пловдив во Пловдив.

Куратори на изложбата се Горанчо Георгиевски и Свилен Стефанов.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO