Григор Димитров jа објави разделбата со тренерот Даниел Валверду. Одлуката е донесена по елиминацијата во првиот круг на Мастерс турнирот во Мадрид.

„По мојот натпревар вчера моjот долгогодишен тренер Дани Валверду и јас седнавме заедно. По три прекрасни години преземаме по различни патишта. Имавме неверојатни успеси и убави моменти на теренот“, напиша Димитров на „Твитер“. „Сакам да му се заблагодарам на Дани за сè што направи за мене и му посакувам се најдобро во неговите идни потфати“, пишува тој.

Бугарскиот тенисер го постигна врвот во својата кариера под водство на 33-годишниот венецуелец. Во 2017 година Димитров jа освои својата прва и единствена досега титула од сериите „Мастерс“ во Синсинати, а на крајот на сезоната триумфираше во финалето на АТП во Лондон и се искачи на третото место на светската ранг-листа.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO