Официјализирањето на поддршката од Левица за кандидатот на ВМРО -ДПМНЕ не само што ги доведува преостанатите принципи на оваа партија, туку целосно ја делегитимира во нејзините претензи да биде наследник на историското ВМРО. Партијата кој претендира да се повикува на Тодор Александров стапи во отворен сојуз со Болшевиците против кои ВМРО и Александров жестоко се бореа.

Поддршката на Димитар Апасиев, дел од фракцијата на Левица за чие лидерство сеуште се води судска постапка не е изненадување. Веќе подолго време ставовите на Апасиев и на ВМРО-ДПМНЕ се на иста бранива должина. Тоа се спротивставувањето на Договорот од Преспа. Законот за употреба на јазиците и евроатлантските интеграции. Впрочем на сите им е јасно дека без Договорот нема членство во НАТО и ЕУ, со што противењето на Договорот е суптилно противење и на Евроатлантските интеграции. Левица отворено заговараше бојкот на регерендумот, а ВМРО-ДПМНЕ од страв од меѓународната заедница тоа го правеше преку агитирање меѓу членството.

Левица јавно мануфестира анти НАТО став со јавна провокација минатата година на концертот на Архангел пред амбасадарот на САД, Џес Бејли дека НАТО е агресорска организација.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова одлично ги застапува новите дегенерирани идеолошки постулати на ВМРО-ДПМНЕ, а природни за Левица и Болшевиците.

Настрана од приватните семејни пријателски релации со Давкови, фракционерот на Левица, Апасиев подолго време игра улога на портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и гласен поддржувач на заедничките ставови.

Лично Христијан Мицкоски ја прогласи Сиљановска-Давкова за „вмровка“ со долг стаж уште од времето кога се борела со Никола Груевски против територијалната поделба. Но, Апасиев во Стево Пендаровски гледа вмровец бидејќи бил портпарол во Владата на Љубчо Георгиевски и советник на Борис Трајковски.

Тука Апасиев е во право. Идеолошки гледано ВМРО е таму каде што се Западните вредности, интеграцијата во НАТО и ЕУ, демохристијанските и конзервативни вредности. ВМРО исто така е и кај поддржувачите на мултикултурализмот, соработката со сите етнички заедници и остварувањето на слободите и правата. Токму онака како зацртале легендарните водачи на ВМРО, Тодор Александров и Иван Михајлов.

За Апасиев и Левица Гордана Сиљановска-Давкова можеби е природен сојузник. Израсната во комунистичка фамилија, ќерка на комунистички партизан, кој бил курир на Брајовиќ, службеник на ОЗНА кој наредил стрелање невини граѓани. За Левица сигурно нема ништо спорно и тоа што Сиљановска-Давкова е снаа кај друго комунистичко семејство, Давкови и што живее во експроприрана куќа.

Меѓутоа, каде ВМРО се вклопува во овој комунистичко-болшевистички рецидив?

За жал, денешното ВМРО-ДПМНЕ не само што не го следи континуитетот на партијата основана во 1990та, туку секојдневно ги гази постулатите на ВМРО.

Ако ВМРО-ДПМНЕ го промовираше членството во НАТО и ЕУ, денес Мицкоски, Сиљановска-Давкова се пречка на тој пат. Секако, во тоа бираат и сојузници како анти-НАТО активистите од Левица.

Ако ВМРО-ДПМНЕ во 1998 година промовираше нов дух и сојузништво со Албанците, денес Мицкоски генерира поддршка на анти албанска основа.

Постојат повеќе верзии за убиството на Тодор Александров. Најприфатена е таа дека е убиен во заговор на Коминтерната затоа што не дозволил ВМРО да стане класна организација. Александров бил и непремостлива пречка за ширење на Болшевизмот на овие простори.

Денес, за жал, партијата која и во изборни цело ка злоупотреби „Нешто ќе те питам бабо“ и „Маршот на македонските револуционери“ е во идеолошки сојуз со современите наследници на Болшевиците и Комунистите.

Тодор Александров се превртува во гроб.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO