Книга со извештајот на специјалниот обвинител на САД Роберт Мулер за „руската интервенција“ на претседателските избори, која доведе до победа на Трамп се предвидува да биде издадена на 30 април. Таа веќе стана бестселер во Амазон, заземајќи трето место по популарност. Забележано е дека цената на хартиената верзија ќе изнесува 9,20 долари, соопштува РИА Новости.

Весникот „Њујорк тајмс“ вели дека многу издавачи се обидуваат да ја објават книгата што е можно порано. Издавачот „Скајхорс“ на пример, им ветува на своите читатели дека „чекањето веќе заврши“. „Вашингтон пост“, исто така има намера да ја издаде публикацијата, при што ветува „ексклузивна анализа“ од познати носители на наградата „Пулицер“. Издаваштвото „Барнс и Нобел“ нуди бесплатно симнување на електронската верзија на извештајот, „Мелвил Хаус Букс“ ќе го објави извештајот без никакви коментари. „Њујорк тајмс“ велат дека ќе издадат 16 – странична верзија која ќе ги содржи само – најважните заклучоци и особено важните детали.

Издавачите се обидуваат да ја публикуваат книгата под авторство на Мулер, иако и сега тој е достапен и може да биде пронајден бесплатно на веб-страницата на Министерството за правда на САД. Во исто време се забележува дека самиот Мулер нема да спечели ништо од оваа публикација, бидејќи според федералниот закон документите изготвени од Владата, се со јавен достап.

Извештајот на Мулер, познат како „рашнгејт“ се занимава со „руското вмешување“ во американските избори во 2016 година, „заговорот“ на екипата на Доналд Трамп со руските власти и дали претседателот на САД му пречел на правосудието и веќе е јавно достапно. На првото прашање специјалниот обвинител дојде до позитивен заклучок, по второто – до негативен, а за третото не можеше да направи еднозначен заклучок. Извештајот се публикува со значителни скратувања.

Русија ги одрекува обвинувањата во извештајот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO