Екипата на Реал Мадрид загуби на гостувањето на Рајо Валекано со 0: 1 во натпревар од 35-тото коло на Ла Лига, одигран на „Естадио де Вајекас“.

Тренерот на кралскиот клуб Зинедин Зидан направи осум промени во составот, кој заврши нерешено со Хетафе во текот на неделата, но тоа не им помогна на „белите“ да стигнат до нешто повеќе. Клучниот момент во дуелот дојде во 23-та минута, кога по консултација со вар, судијата на средбата досуди пенал во корист на домаќините кој Адријан Ембарда го реализираше. Играчите на Реал не успеаја да се вратат до крајот на натпреварот и го забележаа десеттиот пораз од почетокот на сезоната. Реал остана трет на табелата со 65 поени, додека Рајо Валекано излезе од дното на рангирањето и веќе е на 19. место со 31 бод, шест од спасувачката линија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO