Новиот сингл на Тејлор Свифт „Ме!“ постави рекорд на сајтот за споделување на видео „ЈуТјуб“, соопштува „Контакт мјузик“. Песната била гледана 65,2 милиони пати во текот на првите 24 часа од нејзиното пуштање.

Така пејачката и добитничка на Греми стана првата жена соло исполнителка со најмногу гледања за едно деноноќие.

Тејлор Свифт успеа да ја надмине американската поп-ѕвезда Ариана Гранде, чие видео „Thank U, Next“ привлече само 55 милиони гледања во првите 24 часа од неговото пуштање.

За споредба, неодамнешната хит песна на Свифт “ Look What You Made Me Do“ беше гледана едвај 43,2 милиони пати. 29-годишната русокоса пејачка веќе е една од најпопуларните изведувачи на платформата за видео споделување, „Јутјуб“, со над 33 милиони следбеници.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO