Истражување, спроведено за весникот ʺФигароʺ покажало дека 63 отсто од луѓето сметаат дека Макрон бил неубедлив, а 80 отсто сметаат дека протестите на „жолтите елеци“ ќе продолжат, соопштува АФП.

Францускиот министер за финансии вети дека новиот круг намалувања на даноците, објавен од претседателот Емануел Макрон, ќе биде корисен за луѓето со ниски приходи и нема да го погоди буџетот поради планираните намалувања на трошоците.

Говорејќи вчера вечерта, Макрон вети дополнително намалување на данокот на доход од 5 милијарди долари, како одговор на петмесечните протести против животниот стандард од страна на антивладините демонстранти „жолтите елеци“.

„Нема да дозволиме проширување на дефицитот“, рече министерот за економија и финансии, Бруно Ле Мер. „Нема да дозволиме јавниот долг да се прошири“.

Ле Мер рече дека се надева дека 15 милиони домаќинства ќе имаат корист од новите мерки. Тие ќе доаѓаат со пакет даночни олеснувања и приходи во вредност од 10 милијарди евра, кои беа објавени во декември.

Тој посочи дека ова ќе се постигне со „омекнување“ на најниската категорија на данок на доход – кој е определен на 14% – и дека сегашното ниво е „многу брутално“ и „неубедливо“.

Намалувањето на јавната потрошувачка во насока на намалување на даноците ќе претставува голем предизвик за центристката влада на Макрон, со оглед на чувствителноста во Франција за секоја промена во јавните услуги.

Макрон сугерираше дека некои владини агенции ќе бидат скратени и бирократите и државните службеници ќе бидат префрлени од Париз во провинциска Франција.

Даночните намалувања, исто така, се очекува да бидат финансирани со отстранување на даночните олеснувања за компаниите, поттикнувајќи ги луѓето да работат понапорно и со намалување на невработеноста, која според Макрон се намалила до 8,8% од 9,4%.

Се очекува буџетскиот дефицит во Франција годинава да изнесува 3,1% од БДП.

Денес, реакциите на говорот Макрон, кој беше определен како пресвртница за неговото претседателствување, беа измешани.

„Макрон не се откажа од ништо“, пишува Жан-Френсис Пекрес, коментатор во бизнис изданието „Ехо“. „Емануел Макрон вложил известна хуманост во неговиот либерализам, но не ја сменил својата стратегија“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO