Велики петок е најтажниот, најтешкиот ден за синот Божји, Исус Христос. Тој бил испрашуван, а римскиот намесник Понтиј Пилат, поттикнат од толпата која викаше „Распни Го“, му издал пресуда.

Велики петок е драматичниот ден за сите христијани. Исус мора да одговара на провокативни прашања на Синедрионот, за да биде обвинет за богохулење и суден според еврејските закони. Откако не успеваат со оваа стратегија, судиите Го обвинуваат дека се нарекол Цар еврејски и подготвува бунт против римското управување на провинцијата Јудеја. Затоа го предават на римскиот легат во покраината Понтиј Пилат. Тој исто така смета обвинувањата за неточни и нуди да Го ослободи, но толпата пред дворецот му вика: „Распни го, распни го“. Тоа е истата таа толпа, која во неделата е скандирала во екстаза „Осана, Осана“.

Пилат си мие рацете, за да не падна крвта на Христа на него и Го предава на војниците. За потсмев тие доделуваат на главата на Христа трнов венец наместо круна и Го поведуваат кон Голгота – место за распнување на крст на ограбувачите и непријателите на империјата.

Нарамил тешкиот крст, со изранени нозе и преплавено со пот и крв лице, Исус презема последниот пат кон ридот Голгота. Сочувствувајќи Вероника брише лицето Негово со крпата и ја фрла врз ќерамидите на оградата долж која минуваат.

На лобното место, Христос е прикован на крстот и распнат меѓу двајца криминалци. „Беше третиот час и Го распнаа. Имаше натпис за вината Негова: Цар еврејски. Со Него распнаа и двајца разбојници, едниот оддесно Нему, а другиот одлево. И се исполни Писмото, кое вели: „И Го вброија меѓу беззаконици“ /Марк, 15:25-28/.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO