Полска престанува да прима нафта преку нафтоводот „Гомелтранснефт Дружба“ од Белорусија поради високата содржина на хлороорганични соединенија во него, информира БиБиСи Русија. Претходно, Белорусија информираше за тоа, обвинувајќи ја Русија за снабдување на нафта со низок квалитет. Русија призна дека квалитетот на нафтата е навистина незадоволителен.

Полскиот оператор на нафтоводот PERN S.A. рече дека повеќе не може да добива загадена нафта од гасоводот, „која ја загрозува полската инфраструктура и рафинериите“.

Слична порака се појави на интернет страницата на „Гомелтранснефт Дружба“ – операторот на белорускиот дел од гасоводот.

„Според извештаите добиени од нашите клиенти, ниту една рафинерија не е подготвена да прифати во своите инсталации и да преработува нафта со такви индикатори“, се вели во писмото на PERN упатено до потпретседателот на рускиот „Транснефт“ Сергеј Андронов.

Транспортирањето на руска нафта во Полска ќе биде суспендирано на неодредено време. Андреј Вериго главен инженер на ОАО „Гомелтранснефт Дружба“, потврди за РИА Новости дека нафтоводот западно од Мозир е запрен.

Во соопштението на веб-страницата на PERN се наведува дека Полска повторно ќе започне да прима руска нафта кога изворот на загадување ќе биде отстранет. Претходно „Транснефт“ призна дека по нафтоводот „Гомелтранснафт Дружба“ во Белорусија постапила неквалитетна нафта и изјави дека изворот на загадување е откриен во распонот крај Самара.

Полската компанија за транспорт на нафта додаде дека во случај на долготраен прекин на гасоводот, Полска ќе може да купува нафта од друго место, на пример преку морскиот терминал во Гдањск.

Претходно оваа недела, Белорусија објави дека ги прекинува испораките на нафта во Полска, балтичките земји и Украина. На 23 април Белорусија објави дека до крајот на годината Минск планира да отпочне со увоз на суровини од други земји.

На 19 април државниот концерн „Белнефтехим“ соопшти дека во нафтата во гасоводот од Русија содржината на хлороорганични соединенија ги надминува дозволените вредности десетици пати.

Од „Транснефт“ уверија дека се во постојан контакт со белоруски специјалисти и ситуацијата треба да се нормализира во наредните денови.

Белорусија сепак веќе почнала да бара алтернативни начини за испорака на нафта, соопшти заменик-генералниот директор на белоруската нафтена компанија Сергеј Гриб. Една од опциите за увоз на суровини е преку балтичките пристаништа. Исто така, се разгледува можноста за испорака преку пристаништето Одеса.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO