Централната изборна комисија на Косово не ја завери најголемата партија на косовските Срби, Српската листа (СЛ) и нејзините четворица кандидати за вонредните локални избори во северно Косово на 19 мај, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на ЦИК беа присутни девет од 11 членови, за заверка на кандидатите на СЛ гласаа седум члена, а за да им се признае правото за учество на избори беа потребни осум гласа. Од гласање апстинираа двајцата членови на Комисијата од редовите на опозициското Движење Самоопределување (ВВ).

Кандидатите на двете албански партии кои ќе учествуваат на овие избори, Демократската партија на Косово и ВВ, беа изгласани од сите присутни членови на ЦИК. Аднан Рустеми од ВВ побара на СЛ да ѝ се даде рок од 24 часа за да ги смени кандидатите или да се дистанцира од нивните изјави со кои ја негираат државноста на Косово, со тоа што на земјата и се обраќаат со „Косово и Метохија“.

Тој рече дека заедно со неговиот партиски колега не гласале „не затоа што имаат нешто против Српската листа, туку затоа што треба да се почитува Уставот на Република Косово“.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO