Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи повика за крај на санкциите над нафтата и ги нарече дејствата на САД „непријателски мерки“ кои „нема да бидат оставени без одговор“.

„Американските напори да се бојкотира продажбата на ирански нафта нема да доведат до никаде. Ние ќе ја извезуваме нашата нафта толку, колку што ни треба и имаме намера“ пишува во официјалниот профил на англиски јазик на иранскиот лидер во Твитер.

Во понеделникот Турција објави дека нема да ги почитува санкциите против увозот на нафта од Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе го прекине ослободувањето од ограничувања на нафтените клиенти на Исламската република.

„Не прифаќаме еднострано воведување на санкции и наметнување на прашањето како ќе воспоставиме односи со нашите соседи“, изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, цитиран од агенцијата Анадолија.

Во меѓувреме стана познато дека Ирак е подготвен да го зголеми извозот на нафта со 250 000 барели дневно, за да компензира секакви недостатоци по влегувањето во сила на санкциите на САД за извоз на иранска нафта.

Вчера Кина предупреди дека одлуката на САД да воведат санкции на купувачите на иранска нафта ќе „ги зајакне превирањата“ на Блискиот Исток и на меѓународниот пазар на енергија.

„Кина жестоко се противи на едностраната примена на санкции од страна на САД“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на редовниот брифинг.

„Соодветниот потег на САД ќе ги зајакне превирањата на Блискиот Исток и превирањата на меѓународниот пазар на енергија“.

Во обид да го намали извозот на иранска нафта до нула, администрацијата на Трамп го зеде на нишан најголемиот извор на приход на земјата со последниот потег, за да ја срушат економијата и да го намали влијанието на режимот на духовниците.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO