Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјар призна дека не очекува неговиот тим да биде меѓу претендентите за титулата и наредната сезона.

„Црвените ѓаволи“ тргнаа ударно под раководство на Норвежанецот, но постепено го намалија темпото и сега се едвај шести во Премиер лигата.

Солскјар успеа да се убеди колку огромен е јазот помеѓу неговиот тим и лидерите во првенството Манчестер Сити и Ливерпул во сите односи и дека за надминување на оваа разлика е потребно време.

„Не треба да очекуваме дека такви нешта ќе се променат за нула време и ние го знаеме. Сè треба да оди постепено. Ние како клуб треба да бидеме реални и да се движиме чекор по чекор. Треба да се движиме бавно, но правилно. Потребни ни се играчи со вистински квалитети и стандарди за да се вратиме каде што сакаме да бидеме „, истакна Солскјар.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO