Силен оган избувна минатата ноќ во улицата Парк во францускиот град Версај, што е предградие на Париз, соопшти комесарот на градот, цитиран од Спутник. Во предградието е познатата палата Версај, која е една од поранешните резиденции на француските кралеви.

Според видеата што се појавија на социјалните мрежи, голем дел од чадот може да се види. Полицијата го расчисти периметарот околу пожарот и ги повика граѓаните да ја избегнат областа.

Пожарот започнал во автокуќа, соопшти локалната противпожарна бригада. Тие објавија во Твитер слики на улица, која е опкружена со дебел сив чад.

Вкупно 86 пожарникари и 24 автомобили се бореле во огнената борба.

Инцидентот се случил само 8 дена откако оган ја уништила светски познатата катедрала Нотр Дам.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO