Новата фабрика на Локхид Мартин, каде што ќе се произведуваат авионите Ф-16 Блок 70 за Бугарија беше официјално пуштена во употреба во Гринвил, Јужна Каролина, САД, соопштија од компанијата.

Со помош на опремата и производственото екипирање во обновениот објект во Гринвил, Јужна Каролина, кои претходно биле користени во Форт Ворт, Тексас, компанијата наскоро ќе започне со производство на Ф-16 Блок 70 за Бахреин.

„Тоа е возбудливо време, бидејќи ние славиме уште еден важен настан за Ф-16 – најуспешниот и воено најспособен борбен авион од четвртата генерација во светот“, рече Мишел Еванс, извршен потпретседател на Локхид Мартин Аеронавтикс. „Оваа нова локација за F-16 се соочува со светла иднина“.

Светската побарувачка продолжува да расте, и за новите F-16 и за нивната надградена верзија F-16V.

Бахреин стана првиот клиент за Ф-16 Блок 70 во јуни 2018 година, проследен од партнерот на Бугарија во НАТО – Словачка, која потпиша „писмо за согласност“ во декември минатата година за испорака на 14 авиони Блок 70. Бугарија и владата на САД во моментов разговараат за купување на новиот авион Ф-16 Блок 70 за да ги задоволат потребите на одбраната на земјата на национално и сојузничко ниво.

Во прилог САД ја одобри предложената продажба на 25 нови авиони Ф-16 Блок 72 (идентични на Блок 70 со исклучок на типот на моторот) и подобрените Ф-16V за Мароко.

Досега се произведени 4588 авиони F-16, а околу 3.000 F-16 се во моментов во употреба во 25 земји низ светот.

Локхид Мартин ја потврдува својата заложба за обезбедување на економски и индустриски придобивки за Бугарија во врска со стекнувањето на Ф-16 Блок 70, на начин што ќе го поддржи суверенитетот, споделувањето на технологии и да го помогне местното вработување.

Купувањето на Ф-16 за бугарските воздухопловни сили ќе биде катализатор за долгорочно стратешко партнерство во Бугарија.

„Како дел од нивниот ангажман да го поддржи стекнувањето на Ф-16 од Бугарија, Локхид Мартин ќе отвори база за одржување, делумен и комплетен ремонт (MRO facility) во земјата. Тоа значи дека бугарските авиони ќе можат да се одржуваат во Бугарија од локални инженери и техничари во целото времетраење на своите 12 000 часови лет живот. „, изјави Џим Робинсон, раководител на проектот за стекнување на Ф-16 во Бугарија.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO