Научници од Универзитетот Харвард откриле присуство на опасни бактерии во електронските цигари, соопшти „Дејли телеграф“.

Според научниците станува збор за бактерии кои можат да имаат погубно влијание на белите дробови, да предизвикаат астма и воспаление на белите дробови.

Научниците открија дека, најверојатно, ваквите штетни токсини се содржани во слатките овошни полнила за електронски цигари, кои ги сакаат тинејџерите.

Претходните студии покажуваат дека хемикалиите, кои обично се поврзуваат со развојот на сериозни респираторни заболувања веќе се пронајдени во полнила за електронски цигари. Но, новата студија за прв пат открива штетни биолошки супстанции во течностите.

Научниците од универзитетот Харвард проучиле 75 популарни електронски цигари. 27% од патроните и течностите содржат траги од ендоксин. Студијата, исто така, покажа дека патроните содржат три пати повеќе концентрација на бактерии, отколку течности.

Професорот Дејвид Кристијани, раководител на истражувањето, изјави дека откривањето на бактериите во полнилата за електронски цигари само ја потврдува веќе изразената загриженост за влијанието на овие уреди врз респираторниот систем.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO