Францускиот амбасадор во Северна Македониjа Кристијан Тимоние рече денеска во Кавадарци, дека високата излезност на претседателските избори во тој град била доказ за демократската зрелост на жителите, но и за желбата што побрзо да се избере шеф на државата.

“И нам ни е потребно тоа, бидејќи тоа ќе значи приближување кон Европската Унија. Затоа што ќе ни биде потребен кредибилен соговорник, што е многу важно во целиот овој транзициски период, што е многу важен за вашата земја. Вие треба да го изберете, а ние ќе си ја вршиме нашата работа. Но, потребна ни е држава што функционира. Затоа, обидете се да ни го дадете тој знак, тој сигнал и убаво размислете претстојниве две седмици што се пред вас”, рече уште Тимоние.

 

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO