Вистината е дека албанската опозиција ги победи албански партии кои се наоѓаат во власта, изјави за Дојче Веле генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари.

Гласовите заработени од Блерим Река и оние на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, не треба да се мешаат и стават на едно место, рече актуелниот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на АА Таравари. Така тој одговори на репликата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска. дека со гласовите на кандидатот Река, опозицијата успеала да обезбеди предност од околу 70.000 гласови.

„Нема потреба да се мешаат гласовите на овој начин. Вистината е дека албанската опозиција ги порази албанските партии на власт. Ние освоивме два пати повеќе од албанските партии во владејачката коалиција – повеќе од двапати од ДУИ, ДПА, Алтернатива … Според нашата длабинска анализа тие имаат околу 40 000 гласа, вклучувајќи ги и гласовите на Албанците кои гласале за СДСМ „, вели Таравари.

Според него резултатите од изборите од првиот круг покажуваат дека мнозинството од 80 000 гласа на опозицијата меѓу Албанците покажуваат дека тие не се за консензуален кандидат за претседател.

„Идејата за консензуален кандидат е неуспешен проект. Тој се покажа неуспешна мисија, а ДУИ кои го предложија, е партија која е целосно делегитимизирана на овие избори. Тие имаа агресивна кампања, но се покажа дека на нив не им се слуша зборот на електоратот. Гласачите не одговорија. Толку им е силата „, рече Тавравари.

Тој смета дека на овие избори „се покажало старото пријателство на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ“. Неодамна тоа беше видено по прашањето за (не) лишување од имунитетот на поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски и сега на локалните избори, додаде Таравари.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO