Сопственикот на компаниите „Сектор секјурити“ и „Житопродукт“ Славиша Круниќ беше убиен синоќа во близина на куќата на неговото семејството во Бања Лука.
Како што соопшти полицијата на Република Српска, во престрелката во Гламочани по 22:30 часот, биле убиени три лица, а еден се здобил со тешки телесни повреди од прострелни рани.

Освен Круниќ е убиен и еден од неговата „придружба“, како и еден од напаѓачите. Според полицијата ранениот исто така бил „придружник“ на бизнисменот.

Истрагата е во тек.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO