Централната банка на Германија (Бундесбанка) и Централната банка на Австрија до петок, 26. април, ќе ја издаваат банкнота од 500 евра, со што ќе престане издавањето на оваа банконота. Во јануари 17 централни банки во еврозоната го запреа издавањето на оваа банкнота по одлука на Европската централна банка. Германската и австриската банка продолжиjа со печатење на банкнотата од логистички причини.

Постоечките банкноти по 500 евра ќе продолжат да бидат законско платежно средство. Граѓаните и понатаму ќе можат да ги користат за плаќање или за штедење, а банките, менувачниците и другите комерцијални странки, како што соопшти ЕЦБ, ќе можат да ги зачуваат во оптек постоечките банкноти од 500 евра.  Банкнотата од 500 евра секогаш ќе ја задржи својата вредност и ќе може во секој момент да се замени во која било банка во еврозоната.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO