Под раководството на Британците, формиран е центар за спречување на т.н. руско влијание, за кое британската влада добила 6 милиони фунти.

Ова го изјави претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик

„Има една филијала во Тирана и една во Подгорица. Тие ги идентификуваат луѓето од владини и невладини организации, луѓето во институциите и, колку што знам, има над 300 луѓе кои го шират руското влијание. Веројатно и јас се наоѓам на тој списокʺ, изјави Додик за телевизискиот канал“Хепи“.

Според него, во Република Српска, Русија има позитивна политика и не е против актуелната американска политика, туку против нејзиното наметнување и нејзино мешање во внатрешните работи.

„Не е невообичаено хрватската разузнавачка служба да дејствува во БиХ, како и германската, британската и американската“, рече Додик.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO