Ги поддржувам договорите со Бугарија и Грција бидејќи тоа е единствената можна европска рамка, која ќе не извлече од балканската кал и ќе нè изведе на патот кон Европа. Тоа е и начинот за решавање на споровите за да можеме да продолжиме напред.

Тоа го кажа кандидатот за претседател на владејачката коалиција во Северна Македонија Стево Пендаровски, откако гласаше на првиот круг од претседателските избори. „Доста со конфликтите. Балканот треба да го остават зад себе минатото, а сегашните политичари да не се занимаваат со балканската историја. Ако денес граѓаните ми гласаат доверба, мојата задача оттука натаму ќе биде да направам подобар живот на сите. А не да зборуваме дали Александар Македонски пред 23 века бил не знам каков по националност, или пак за апостолите на ВМРО од XIX и XX век. Тоа не е работа на сегашните политичари. Тоа ќе биде трошење на време, пари и застој на земјата. Имаме еден грандиозен неуспешен проект во центарот на Скопје, кој не со сите соседи и доведе до длабоки поделби во нашата земја. Овој вид националистичка и популистичка политика ми е туѓа. Ние сме должни да дадеме пример дека и од Балканот конечно може да бидат испратени и позитивни вести „, истакна Пендаровски.

Тој очекува изборниот ден да помине мирно, така како станува во секоја европска и демократска држава. „Очекувам висока излезност, бидејќи граѓаните знаат дека станува збор не за личен избор, за избор на концепт за Република Северна Македонија, која треба да продолжи напред и во кратки рокови да биде дел од евроатлантските структури. На крајот на денот очекувам да постигнеме убедлива предност, која ќе ни овозможи на вториот круг конечно да добиеме масовна поддршка на граѓаните за патот на Северна Македонија, а тоа значи далеку од изолацијата и поблиску до Европа, на која реално припаѓаме „, истакна Пендаровски откако гласаше во скопската општина Аеродром.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO