Опис: Изводи за раѓање на синовите (Лазар и Александар) на истакнатиот албански културен деец Јосиф Јованов Багерев (Багери), родени во Софија во 1894 година и 1895 година од бракот на Јосиф Багерев (Багери) со бугарката од Прилеп Василикија (Василка) Божкова . По Првата светска војна семејството на Јосиф Багери останува да живее во Софија и се определува за бугарско.

Извор: скенирани од оригинален пример

Автор: Јосиф Јованов Багери или Багерев (1870-1915) е албански поет и општественик, еден од најистакнатите албански културни и општествени дејци кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Роден е во православното семејство на Јован Багери или Багерев од с. Нистрово, Долна Река, Вардарска Македониjа. Во 1887 година се населил во Софија, каде што живее на ул. „Брегалница“ и работи како чевлар. Оженет е за бугарката од Прилеп – Василикија Божкова, керка на прилепчаните Божко (Боце) Петров и Марија Јовчева Петкова. Умира во 1915 година во Приштина, на пат за Софија. Неговото семејство останува да живее во Софија по Првата светска војна и се декларира како бугарско во 1920-те години.

Во чест на Багери, е именувана улица во Дебар. Неговиот син Христо Багеров станува четник на ВМРО и загинува во битката на четата на Боби Стојчев во Лугунци, Велешко, на 21 април 1906 година.

За да ја прочитате книгата кликнете овде.

Извор: Библиотека Струмски

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO