Украинскиот претседателски кандидат Володимир Зеленски вети дека, доколку биде избран, ќе одржи референдум за тоа дали Киев треба да влезе во НАТО. Комичарот Зеленски кој, според анкетите, пред вториот круг од изборите има голема предност пред сегашниот претседател Петро Порошенко рече дека „Украина јасно го избра својот пат кон Европа“.

„Очигледно дека НАТО значи сигурност, но јас сакам да ја обединам земјата“, изјави тој, наведувајќи дека секојдневно ќе им кажува на источните региони на Украина дека „НАТО не е ѕвер кој ќе ги голтне“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO