Целата атмосфера на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска-Давкова наликува на уште една епизода на кампањата која со години ја водеше Никола Груевски вдахновувајќи нов патриотски дух за одбрана на загрозената татковина.

Уште во првиот изборен спот граѓаните ги пречека драматичниот глас на актерката Валентина Божиновска во кој порачува дека сите погледи се насоченикон нас, дека не чека борба за идеали и принцип, дека противникот не бира средства и сака да не победи. Но, ние сме на вистинската страна, на страната на Македонија за која треба да има правда и за што „Татковината повикува“

Валентина Божиновска во минатото:

Во друг спот, гласот на актерот Тони Михајловски потсетува дека Македонија се соочува со црнила и предавства. Македонија е во пранги кои симболично ги крши. Повторно во нов спот се повикуваме за сите лаги, неправди, предавства за што доаѓа денот и денот е 21 април кога Македонија го вовраќа ударот поради што и „Татковината повикува“.

Но, и по скоро дваесетина дена кампања, останува да лебди прашањето „За  што повикува татковината“?

Се зборува за предавства. Дали Татковината треба да се брани од предавниците, по правило домашните предавници!? Тоа веројатно се оние кои го смениле името од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Дали можеби предавството се однесува за Законот за употреба на јазиците и поради тоа одбрана повторно и од предавниците,но и Албанците!?

Доколку, пак, Македонија е поробена и во пранги кои треба да ги скрши, дали е поробена од меѓународната заедница, ЕУ, НАТО, САД нашите стратешки партнери,кои ете не убедиле да го промениме името за да влеземе во ЕУ и НАТО?!

Целата атмосфера на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска-Давкова наликува на уште една епизода на кампањата која со години ја водеше Никола Груевски вдахновувајќи нов патриотски дух за одбрана на загрозената татковина. Секако, согласно новиот античкии дентитет. За тоа беа задолжени серијата рекламни пропагандни кампањи кои требаа да го изродат новиот Македонец кој секогаш ќе е тука кога „Татковината повикува“.

И Груевски повика. Тоа беше една вечер 26-ти февруари 2017годинакога на својата омилена ТВ Сител, сега почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ осуден бегалец во Будимпешта, Никола Груевски, повика да не се седи дома и народот на улица да ја спасува државата, бидејќи тој смета дека е нападната.

„Ако народот не си ја одбрани државата, тогаш ќе има проблеми. Ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе ја одбрани државата, се во заблуда“,

Така рече Груевски, повикувајќи го народот да ја покаже својата сила за како што вели тој, против двојазичноста, нападот на унитарноста и кантонизацијата.

Веднаш потоа започнаа серија инциденти, напади врз „предавниците“ во нивните куќи, работни места, на улица, навредливи графити, омаловажување на дипломати…

Веднаш по повикот на Груевски започнаа и „спонтаните“ протести „За заедничка Македонија“, повик за „нов Илинден“ и секојдневни протести со задолжително присуство на тогашната администрација. Мирните протести, секојдневно декорирани со булдожери, камиони, тешка механизација, црни баретки и слогани за „Чиста Македонија“ и по некој редовен повик за упад во Собранието какоонојна Саво Климовски, кулуминираа на 27 април 2017 година, на „Крвавиот четврток“. Епилогот на сите ни е познат.

Груевски и тогаш не беше во Македонија. Тогаш повика од Виена, сега повикува од Будимпешта. Со него повикуваат и главните актери во срамните настани во поновата историја на Македонија, како Игор Југ кому дури и последните зборови му беа „За дом спремни, за увјек и навјек…“.

Дали денешната кампања организирана под наводниот непартиски кандидат Гордана Сиљановска-Давкова е само уште една епизода во патриотскиот трилер на Никола Груевски. Дали и сега „Татковината повикува“ се користи за расчистување со предавниците на ист начин како и на 27 април? Нема друго рационално објаснување за користењето на оваа стара болшевистичка руска милитаристичка парола.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO