Она што привлекува внимание во кампањата за претседателските избори е тоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова успеа да ги обедини сите анти-НАТО активисти во земјата кои се добро познати на македонската јавност. Тоа се универзитетски професори, претседатели на политички партии, па се до свештеници на МПЦ.

Гордана Сиљановска-Давкова од поодамна важи за дел од таборот кој не само што скептично гледа на евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија, туку и јавно го покажуваат својот анимозитет кон НАТО и ЕУ.

Меѓу најблиските соработници на Сиљановска-Давкова се Жидас Даскаловски и Билјана Ванковска кои отворено и пишуваат и зборуваат против НАТО, вклучително и пред свои студенти.

Кандидатот  на ВМРО-ДПМНЕ е блиска пријателка и со Солза Грчева која организираше анти-НАТО протести против доаѓањето на генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Јавна поддршка и секојдневна јавна агитација за Гордана Сиљановска-Давкова дава и свештеникот Ивица Тодоров кој организираше протести пред собранието и јавно е против НАТО.

Тука се разбира е и Димитар Апасиев од „Левица“ партијата која организираше протести против присуството на армијата на САД и направи инцидент при прославата за НАТО во Градскиот парк кога се појави со анти-НАТО транспарент. Според „Левица“,НАТО е крв,солзи,смрт…а со што се согласува Даскаловски, блискиот соработник на Сиљановска-Давкова.

Јавни анти-НАТО објави има и Косана Мазнева, поранешната претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, актуелен советник на Христијан Мицкоски. И за потсекретарот на УЖ од Кочани, Славица Ангелова, НАТО е агресорска организација. И двете напорно работат во кампањата на Сиљановска-Давкова.

Медиумската кампања на Сиљановска-Давкова е поддржана и од прорускиот портал „Инфомакс“, како и од Сотир Костов, кој јавно се залага за Евро-азиска унија.

Во својата поддршка за Гордана Силјановска-Давкова јавно се вклучи и претседателот на МААК, Страшо Ангеловски кој во една своја колумна ја наслови дека таа е консензуален кандидат на неопределените. Всушност, се гледа дека Гордана Сиљановска-Давкова е консензуален кандидат токму на анти-НАТО активистите во земјава.

Самиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во своите досегашни јавни настапискоро и да не зборува за НАТО, иако како иден претседател има ингеренции во надворешната политика и ќе биде врховен командант на армија на земја членка на НАТО. Дали тоа значи дека доколку биде избрана за претседател Сиљановска-Давкова целосно ќе го тргне НАТО од својата агенда, а Кабинетот ќе и биде полн со советници кои се јавно познати анти-НАТО-активисти?

Во продолжение Ви презентираме дел од јавните анти НАТО и ЕУ објави на тимот на поддржувачи на Гордана Сиљановска-Давкова.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO