Во финишот на кампањата во првиот круг од претседателските избори, почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се вклучува за поддршка на својот кандидат, Гордана Сиљановска-Давкова.

На овој начин, кампањата „за правдата“ е засилена со правосилно осудено лице со уште четири обвиненија за тешки кривични дела.

Во неколку наврати Никола Груевски срамежливо се јавуваше со статуси во кои се обидуваше да ја коментира политиката на актуелната влада. Тоа беше примерот со министерот за здравство и коментарот за пресудата на Апелациониот суд во однос на случајот со премиерот Зоран Заев.

Меѓутоа почнувајќи од 14.04.2019 во поопширен статус бегалецот од правдата прави анализа на работата на Владата во која во негов раскажувачки стил анализира 50 проекти кои неговата влада ги направила, а актуелната наводно ги запоставила. Ново продолжение Груевски објави денес, со најава дека серијалот дополнително продолжува. Секако, објавите на Груевски се добро синхронизирани со партиската пропаганда предводена од прорускиот „Инфомакс“.

Евидентно е дека Будимпешта не дејствува самостојно и е совршено синхронизирана со изборниот штаб на Гордана Силјановска-Давкова. По објавите на Груевски, станува јасно зошто кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се фокусира на тоа што треба да е тема на претседателски избори, цело време зборува за парламентарни со жестоки критики врз Владата.

Нејзините изборни спотови, за кои тврди дека ниту е консултирана кога се прават, ниту ги видела кога се емитуваат, исто така зборуваат за теми надвор од претседателските избори: здравство, образование, инвестиции, екологија и сл.

Со директното влучување на Груевски како засилување во кампањата на Гордана Сиљановска-Давкова, само се потврдуваат сомневањата кои постоеја од порано, а тоа е дека кандидаткатаа ВМРО-ДПМНЕ е по личен избор и терк на Никола Груевски.

Станува јасно зошто Сиљановска-Давкова досега, во изминатите 11 години за време режимот на Груевски ниту еднаш не излезе со критики за неговото владеење, како и нејзиниот ригиден и критички став кон СЈО.

Кампањата на Груевски со Сиљановска-Давкова дополнително го прави парадоксален изборниот слоган „Правда за Македонија“ затоа што токму Никола Груевски како осудено лице, со пет обвиненија е бегалец од правдата.

Дали целата кампања и борба на ВМРО-ДПМНЕ е нејзината кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова да го амнестира Никола Груевски и останатите обвинети функционери!?

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO