Претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Суботица оценија дека односите меѓу двете земји се на највисоко ниво во историјата и оти се засновани врз меѓусебно разбирање и доверба. Орбан во Суботица допатува за да учествува на денешната заедничка седница на двете влади. Во соопштението на српската влада се наведува дека на средбата Вучиќ му се извинил на Орбан за „неодговорните изјави за Унгарците во Србија на собирот на опозицијата во Белград“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO