Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека е подготвен за дијалог со опозицијата. Коментирајќи го вчерашниот протест на опозицијата, тој на новинарите им изјави дека од терасата на претседателството ги слушал и дека на митингот немало повеќе од 7 500 лица. Вучиќ оцени дека вчерашниот собир покажал дека опозицијата може да го помине изборниот цензус и изјави дека спикерот на српскиот парламент Маја Гојковиќ ги поканила на дијалог и дека тоа е место на кое треба да се разговара.

„Што се однесува до нас, ние сме подготвени за дијалог. Маја Гојковиќ ги покани на дијалог на место на кое се води тој, а ако фашистичкиот заменик на фашистичкиот лидер Кипријановиќ не сака со претседателката на Парламентот, толку подобро. Разбудете го Љотиќ и разговарајте со него“, рече Вучиќ и рече дека, според законот, не може да се исполнат условите за промена на составот на РЕМ, бидејќи таму не можат да бидат партиски луѓе, како и дека не можат да менуваат кадри во РТС, бидејќи тоа би било директно нарушување на јавниот сервис.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO