Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскjар призна дека неговиот тим имал среќа при победата над Вест Хем со 2: 1 на домашен терен вчера.

„Црвените ѓаволи“ беа надиграни во второто полувреме, но одличните интервенции на Давид де Геа и подоцнежен пенал на Пол Погба ги донесоа вредните три поени за тимот во битката за топ 4. „Не можам да го кријам. Понекогаш добивате повеќе отколку што заслужувате, и тоа беше таков случај денес. Пред неколку недели против Ватфорд беше истото. Но од друга страна против Арсенал и Волвс изгубивме два натпревари во кои требаше да победиме. Значи, овие работи се избалансирани во текот на сезоната. Но, денес имавме среќа да земеме трите бода во еден момент ќе бевме задоволни и на нерешен резултат. Вест Хем играше добро, играше подобро од нас и создаде шанси „, коментираше Норвежанецот по успехот.

„Натпреварот против Барселона во средата беше тежок физички и психички, а во вторник ни претстои нов таков, па морав да направам промени. Кога имате шест натпревари за шест дена, тоа е тешко. Но, со нетрпение го очекуваме натпреварот со Барселона и чувството е добро. Нема како да играме полошо од денес „, додаде тренерот на Јунајтед.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO