Во очаен обид да собере што е можно повеќе гласови ВМРО-ДПМНЕ применува опасна стратегија која во првата фаза се базира на ширење национализам, антиалбанство и обраќање само на македонската етничка заедница, за да пред вториот круг започне да се обраќа и кон Албанците и другите етнички заедници.

Објавата на Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук во кој намерно, многу провидно и тенденциозно ги избриша Албанците од останатите етнички заедници имаше јасна порака – на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска не им се потребни Албанците. Барем во оваа прва фаза од кампањата, каде шефот на пропагандата, Александар Николоски прецизно зацртал дека е потребно да се игра на силна националистичка карта која ќе вклучи критики на договорите со соседите и законот за употреба на јазиците.

Затоа Христијан Мицкоски намерно ги испушта Албанците во своите објави, заедно со Сиљановска – Давкова држат митинг со распослано српско знаме во Тетово (без притоа да има знамиња на други етнички заедници), токму од овој град повикуваат да се врати македонизмот, даваат изјави против употреба на законот за јазици и повикуваат. Како надополнување им се дежурните албанофоби од типот на Биљана Ванковска и останатите придружнички на кадидатот и партиските портали од типот на прорускиот Инфомакс. Пропагандистите на ВМРО-ДПМНЕ смислиле дека со ваква патриотска карта ќе ги анимираат своите разочарани активисти.

Но, наеднаш Мицкоски и Сиљановска-Давкова преку ноќ се сетија на Албанците и останатите етнички заедници, иако во своите говори испуштаат и по неколку етнички групи без да ги спомнат. Меѓутоа, како да нема синхронизација во штабовите па опозицискиот Инфомакс продолжува да ја напаѓаупотребата на јазиците, додека Сиљановска-Давкова и Мицкоскисе зборат за мултиетничност.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ коментираат и дека Мицкоски и натаму кокетира со ДУИ, а преговара и со Алијанса за Албанцитена Зијадин Села, кого неговите партискиактивисти за малкуќе го ликвидираа. Мицкоски и лично бил во Дебар да агитира за кандидатот на Алијанса за Албанците. Во извештаите на тајната полиција на ВМРО-ДПМНЕ видовме и дека тајно комунициралеипреговарале и со ДУИ. Дури имало и координација на центрите за комуикација на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Иво Котевски и на Алијанса за Албанците предводен од Шефик Дураку за достава на компромитирачка пропаганда за дискредитација на кандидатот Стево Педаровски.

Ваквата неконзистентна политика на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на манипулацијата пред и по изборите 2016 година кога Никола Груевски засилено играше на на патриотските чувства, органиизрањето на протестите „За заедничка Македонија“, па се до насилствата на „Крвавиот четврток“. Националистичкиот наратив исчезна уште истата вечер кога Груевски се откажа од оние кои со месеци ги мобилизираше за „одбрана на татковината“. Во пресрет на локалите избори2017 година, т.н. „Тиранска платформа“ не само што мистериозно исчезна туку ВМРО-ДПМНЕ на изборите излезе со предлог кандидат за заменик-градоначалник Албанец и еднојазични плакати само на албански јаизик.

 

Во овие избори, ВМРО-ДПМНЕ повторно манипулира со мултиетничноста што повторно може да биде опасно за државата и општеството. Уште еднаш се потврдува дека раководството нема конзистентна политика и став за најстратешките прашања за државата кои сеуште секористат за дневно-политички игри и добивање ефтини предизборни поени.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO