Колапс на социјалните мрежи го предизвика гневот на милиони корисници ширум светот, соопштува в. „Сан“. Нема достап до ʺФејсбукʺ и ʺИснстаграмʺ не само преку апликациите за мобилни телефони, туку и преку нивната десктоп верзија.

Сè уште не е јасно што е причината за запирањето на овие социјални мрежи. Корисниците исто така пријавија за проблеми и со ʺФејсбук Месинџерʺ и со друга апликација за чат во сопственост на Марк Цукерберг – ʺУотсАпʺ.

Корисниците известуваат дека овие сајтови се недостапни, при што што не испишува никаква порака за проблемот. Пораките не се испраќаат ниту се примаат. Проблемот е забележан најмасовно во Велика Британија, Мароко, Украина, Филипините и Грција. Нема пристап до Фејсбук дури и во Бугарија.

Проблемот се јавува само еден месец откако социјалната мрежа ја претрпе најтешката „хаварија“ во историјата – немаше пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „УотсАп“ за 24 часа. Тогаш Марк Цукерберг се извини на лутите корисници и посочи за недостатокот на пристап за деноноќие „промена во конфигурацијата на серверите“.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO