Иако претендира да биде историски наследник на ВМРО, партијата која денес ја предводи Христијан Мицкоски упорно бега не само од историските симболи на организацијата туку и од нејзините идеолошки постулати.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ се срами од црвено-црното знаме?

Откако максимално ја користи во свои политички цели песната „Нешто ќе те питам бабо“ во кое се пее за црвено-црното знаме како, оваа партија упорно бега од симболот на историското ВМРО.

Како што прерходно пишувавме, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се антиквизира. Официјалното партиско знаме црвено и црно скоро и да го нема на партиските собири. Лавот исто така мистериозно исчезна.

На нивно место засилено се форсира употребата на античкиот симбол шеснаесткракото сонце пронајдено во Кутлеш во 1977 година. Под овој симбол ниту се борело ВМРО ниту се водела било која борба за слобода.

На синоќешниот митинг вo Скопје внимание привлече огромно знаме со шеснаесеткрако сонце. Прашање е каква порака Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да пратат? Дали провокација до Грција или само злоупотребуваат чувства на обичните членови.

Меѓутоа, освен симболите, дисконтинуитетот на ВМРО-ДПМНЕ од историското ВМРО се гледа во нејзиното приклучување на српско- руската оска, со изразита анти ЕУ и НАТО политика и реторика, а не ретко и со анти САД изјави. Друг аспект е политиката кон Бугарија карактеризирана со критики кон договорот за добрососедство и континуирани провокации од активисти и медиуми блиски до ВМРо-ДПМНЕ. Конечно, некоректниот однос кон останатите етнички заедници, пред се, Албанците. Од 2015 година антиалбанството се користи како средство за мобилизација на гласови.

Поради ова се поставува прашањето зошто ВМРП-ДПМНЕ се срами или се плаши да ги користи историските симболи и да се придружува на принципите на ВМРО. Или во стилот на песната да заклучиме, Знамето аго не им е вмровско.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO