Шампионот на НБА Голден Стејт Вориорс направија успешен старт во плеј-офот на западната конференција откако го победија Ел Еј Клиперс со 121: 104 на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналната серија.

Воините ја презедоа контрола над работите во средината на втората четвртина и до полувремето водеа со 13 поени, по што не ја испуштија предноста до крајот. Над сите на теренот беше Стеф Кари со 38 поени, 15 скока и 7 асистенции, Кевин Дурант додаде 23 поени за успехот, а Дрејманд Грин се истакна со 17 поени, 7 скока и 7 асистенции. За гостите најпрецизен беше Монтрезал Харел, кој постигна 26 поени од клупата, а Лу Вилијамс додаде 25 поени, исто влегувајќи од клупата. Вториот натпревар од серијата е по два дена, повторно во Оукланд.

Останатите резултати на ноќта:

Денвер Нагетс – Сан Антонио 96: 101

Торонто Рапторс – Орландо Меџик 101: 104

Филаделфија 76-ерс – Бруклин Нетс 102: 111.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO