ПРОЈАВЕН ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА СО КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

Бугарско Македонскиот Бизнис Клуб (БМБК) пред претставниците на кабелските оператори од земјава, организираa презентација на три телевизии од Република Бугарија: ТВ Европа, ТВ Туризам и ТВ Wness.

Беа претставени програмските потенцијали и предлозите за воспоставување на деловна соработка со кабeлските оператори од земјава. За програмските содржини на ТВ Европа, телевизија која е меѓу првите десет по гледаноста во Р Бугарија, зборуваше програмскиот директор Љубо Попов.

ТВ Туризам пред присутните се претстави со краток промотивен филм, а за можностите за соработка зборуваше сопственикот Георги Крумов.

За ТВ каналот Wness, кој четири години се емитува во Бугарија, зборуваше сопственикот Иван Тодоров, кој го претстави и нивниот најнов проект – маратонот долж „Коридорот 8“ со маратонецот Краси Георгиев.

Настанот е дел од проектот на БМБК за воспоставување на информативен мост меѓу Бугарија и Северна Македонија за унапредување на деловните односи преку зголемување на видливоста на стопанските субјекти и на проектните потенцијали.

Бугарско Македонскиот Бизнис Клуб,  е основан пред две години, како непрофитна организација со седиште во Скопје и канцеларија во Софија. Своето дејствување го насочува кон интензивирање и унапредување на деловната соработка, развој и негување на комуникациите меѓу компаниите и воспоставување поблиски бизнис-релации.

Со промотивните настани и претставувањата БМБК создава и информативен мост меѓу двете земји за со тековните деловни активности да придонесе кон поврзување и здружување на постојните ресурси во нови стопански и проектни потенцијали.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO