Британската полиција уапси основач на Викиликс, Џулијан Асанж. Тој е уапсен во канцеларија во центарот на Лондон, соопштува РИА Новости.

47-годишниот Џулијан Асанж денес, четврток, 11 април, беше уапсен од страна на службеници на лондонската полиција во амбасадата на Еквадор по наредба издадена од Вестминстерскиот магистратски суд на 29 јуни 2012 година за тоа дека не се појавил во судот.

Како што изјави претседателот на Еквадор, земјата одлучила да му откаже убежиште. Во последните неколку години, основачот на Викиликс живееше во амбасадата на оваа држава.

Асанж стекна слава по бројни публикации, вклучително за американските воени операции во Авганистан и Ирак и за условите на притвор во камповите во Гвантанамо.

Во 2010 година основачот на Викиликс, кога американските власти се заинтересираа за него, замина во Шведска, каде планираше да добие заштита. Потоа тој беше обвинет за сексуални престапи, одговорност која Асанж ја негира.

Шведскиот суд го вклучи на меѓународниот список, по што беше уапсен во Лондон, но ослободен со кауција. Од 2012 година Асанж се крие во амбасадата на Еквадор во британскиот главен град.

Порталот Викиликс на 5 април, цитирајќи висок извор во Еквадор, изјави дека во следните „часови или денови“ Асанж ќе биде избркан од амбасадата. Како изговор може да биде искористен корупциски скандал со офшор документи, поврзани со претседателот на Еквадор, Ленин Морено, соопшти сајтот.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO