Српската влада донесе одлука за испраќање како амбасадор во Русија на скандалозниот новинар и актуелен пратеник од партијата на претседателот Александар Вучиќ Мирослав Лазански.

Ова го соопштува во денешниот број в. „Вечерње новости“. Лазански е меѓу главните орудија за пропаганда на режимот на Вучиќ. Тој до последно го бранеше режимот на избеганиот во Унгарија поранешен македонски премиер Никола Груевски. Во српските медиуми беа публикувани записи од негови средби во српската амбасада во Скопје, каде што добивал инструкции и договорал публикацииите во провладиниот в. „Политика“. Инструкциите лично ги добивал од лидерот на србите во Македонија.

Мирослав Лазански во Москва ќе го замени Славенко Терзиќ.

Изданието тврди дека во најскоро време ќе бидат испратени нови амбасадори во Кина, Украина, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Албанија. „Во дипломатските кругови неофицијално се зборува „за рокада“ на српскиот амбасадор во Киев Раде Булатовиќ, кој ќе го замени сегашниот српски амбасадор во Скопје Душанка Дивљак-Томиќ“, пишува „Вечерње новости“.

Раде Булатовиќ е поранешен директор на српската тајна служба БИА. Нивен служител во српската амбасада во Скопје Горан Живајлевиќ упадна со првата група за време на погромот на македонскиот парламент на 27-ми април 2017. Тогаш над сто лица беа претепани. Меѓу нив беше и актуелниот премиер Зоран Заев.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO