Напаѓачот на Манчестер Јунајтед  Маркус Рашфорд наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, соопштува Мирор. 21-годишниот фудбалер побарал од раководството на ʺцрвените ѓаволиʺ значително зголемување на платата.

Со новиот договор се очекува Рашфорд да добива 15,8 милиони фунти по сезона или 300,000 седмично.

Рашфорд е воспитаник на англискиот клуб, во чиј состав дебитираше во 2016 година. Оваа сезона учествуваше во 27 натпревари во Премиер лигата, во кои постигна 10 гола и асистираше за шест. Манчестер Јунајтед сега е на шеста позиција на табелата.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO