Николаj Василев
Николаj Василев

Повторното раѓање на една заборавена и долго време забранувана песна посветена на војводата Тодор Александров ги разбранува духовите во Северна Македонија. Новата верзија на песната „Нешто ке те питам бабо“ на групата Next Time,беше дел од предизборната кампања на партијата ВМРО ДПМНЕ, која се противи на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија.

Парадоксот тешко може да остане незабележан. За време на Првата светска војна Тодор Александров лично му се заблагодарува на кајзерот Вилхелм, за неговата помош за обединувањето на бугарскиот народ. А по поразот, се објавува за независна Македонија.

Во статија за македонскиот весник Фокус од 5 април Дејан Азески се обидува да го објасни тоа што за многумина крај Вардар изгледа неразбирливо. Како човек кој се определувал како Бугарин се борел и за независна Македонија? Ако повеќето денешни македонски историчари се обидуваат да го осудат Александров за тоа, што се чувствувал Бугарин или да го рехабилитираат, за тоа што всушност бил Македонец, Азески се обидува да излезе од овој порочен круг. За целта тој го прогласува периодот на најголемо единство на предците на денешните Македонци како „контраверзно време“!

Според Езески Тодор Александров „не е виновен поради фактот дека е роден Македонец од Штип и имал изразено бугарско национално чувство, бидејќи тоа чувство во тој преиод доминирало кај 90% кај македонците“.

Според Азески тоа не било чувство запазено од безброј поколенија а принесено од „соседна“ Бугарија. Според неговите зборови:

„Во 1870 година, на територијата на Отоманската империја се формирала Бугарската егзархија како главен конкурент на тогашниот монопол на грчката Цариградска патријаршија. Пред сè поради разбирливиот јазик на новите бугарски попови и поради лошиот однос на грчките свештеници македонците масовно преминуваат кон егзархиските цркви.Тие покрај верата, развиваат и просветна дејност и насекаде низ Македонија се отвораат бугарски егзархиски училишта. Со оглед на тоа дека децата во овие училишта знаат дека не се Турци, имаат доволно причини да не сакаат да бидат Грци, а посебно македонско чувство речиси не постоело, за кратко време почнуваат да се чувствуваат како Бугари. Народ кој има најблизок јазик и култура и живее во непосредна близина до етничка Македонија. (…) Кога во 1893 година се формирала револуционерната организација и особено за време на Илинденското востание Македонците имале не наметната а искрена бугарска самосвест „.

Само што, Азески нема никакви докази, со кои да покаже, дека овој расказ за Преродбата е справедлив.

За да си го објасниме времето кое за него е „контраверзно“, треба да си одговориме како се нарекувале предците на денешните Македонци пред 1870 година? Одговор ни даваат Христофор Жефарович, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчинович, Јордан Хаджиконстантинов Џинот, Рајко Жинзифов. браќата Миладиновци (како и жените кои ги пееле песните кои тие ги собирале) и многу други извори.

Така што немаме никаква основа да мислиме дека децата во екзархистките училишта за кратко време почнале да се чувствуваат како Бугари. Такви се чувствувале и нивните родители. И сите тие ги определувале своите говори како бугарски.

Азески изгледа претпоставува, дека Егзархијата била формирана некаде на друго место, а во неја се вклучени и земјите од Северна Македонија. Само што, Егзархијата се формира по многугодишни борби во која свештеници и мирјани, вклучитело и од земјите на денешна Северна Македонија, се бореле за нејзиното појавување. Прилепчанецот Методиј Кусев, кој подоцна станува владика во Стара Загора, е во првите редици на борбата. И немало прилив на свештеници од земјите на денешна Бугарија кон земјите на денешна Северна Македонија. По скоро, по 1879 година свештеници од денешната Северна Македонија се упатувале кон ново ослободените земји на Кнежевство Бугарија, каде што биле примани како свои.

Се разбира, Егзархијата, освен со духовни дела, се ангажирала и со просветна дејност.

Всушност, тоа е причината за нејзиното создавање.

Таа нема канонски разлики со цариградскиот патријарх. Но кога Патријаршијата почнува да се претвора во инструмент за формирање на современата грчка нација, Бугарите, вклучително и оние во земјите на денешна Северна Македонија создаваат свој национален проект.

Преродбата е процес на претворање на матната бугарска етничка свест во јасен национален идентитет.

Може да се каже дека тој процес започнува на територијата на денешна Северна Македонија и се распостранува и по другите бугарски земји. Асезки би требало да знае дека првиот град во Османлиската империја кој побарал бугарско училиште 40 години пред појавата на Егзархијата не е ниту Софија, ниту Пловдив, ниту Трново, а Скопје.

Уште побесмислено е тврдењето на Азески дека „бугарите биле најблискиот народ кој живеел во непосредна близина на“ етничка Македонија „.

Дали Азескики навистина верува дека некаде помеѓу Софија и Скопје минувала етничка граница? Дека имало едно село етнички македонско, и соседното етнички бугарско. Дека ден пред тревожните вести за одлуките на Берлинскиот конгрес да стигнат до Крива Паланка на некого таму му минувало на ум дека во Ќустендил живее друг народ, или дека битолчани му се етнички поблиски од софијанци?

Азески прави значаен чекор, кога признава дека, самосвеста на 90% од предците на денешните Македонци била „искрено бугарска“.

Но, очигледно му тешко  е да прифати дека била домородна, а не донесена.

Дека токму поразот во усилијата за формирање на автономна Македонија „со бугарска боја“ (како што Мисирков ги определувадејствата на „комитето“) разбрани како етапа во  усилието за обединување со Бугарија, кои достигнале до својата кулминација за време на Првата светска војна, го довел Тодор Александров до идејата за борба за целосно независна Македонија. И дека братоубиствените судири во рамките на една ослободителна организација која не успеала да ги оствари своите цели се колку трагичен, толку и логичен развој.

Сигурно не му е лесно на Азески и на многу други да прифатат дека немало „бугаризација“ на етничките Македонци во 19 век, а напротив дека имало „дебугаризација“ на македонските бугари во 20 век.

Ова не ги прави денешните Македонци ниту помалку вистински, ниту помалку Македонци. Народи и jазици се формирале одсекогаш. Но како што напиша неодамна првиот министер за надворешни работи на независна Македонија, само вистината ќе ги направи слободни!

––––––––––––-

Ексклузивно за ТАТКОВИНА и ПРИОРИТЕТИ: Николаj Василев-член на раководството на БЗНС и потомок на Екатерина Симитчиева , бугарска учителка родена во Скопjе, деец на ВМОРО и борец за црковна независност во Македониjа

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO