Во словенечкиот град Кочевје, по две години изградба, официјално беше отворена фабриката за индустриски работи на јапонскиот производител „Јаскава“. Директорот на новоотворената „Јаскава Јуроп Роботикс“, со седиште во Кочевје, Хуберт Кослер, изјави дека новата фабрика во Словенија ќе ги дополни производствените капацитети на Јаскава во Јапонија и Кина, а ќе покрие 80 отсто од европската побарувачка на нејзините индустриски роботи од типот Ротоман.

Во погоните во Кочевје, каде што сега се вработени 50 стручни лица, „Јаскава“ планира да вработи уште 150 луѓе до 2023 година, а годишно ќе се произведуваат 10 000 роботи.

Покрај погоните за изработка на роботи, во Кочевје, исто така, е активен и Европскиот центар за развој на роботика.
 Вкупната инвестиција, која беше обезбедена од страна на поранешната влада на Миро Церар, вреди околу 25 милиони евра, од кои 5,6 милиони преку државни субвенции обезбедени од Словенија.
Ова е најголемата јапонска инвестиција во Словенија досега.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO