Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наложува царински контрамерки во износ до 11,2 милијарди долари на повеќе производи на ЕУ, како одговор на отпуштањето на субвенции од страна на блокот за „Ербас“, пренесе Спутник.

Европскиот производител на авиони „Ербас“ порано во текот на денот ги осуди плановите на Трамп за воведување на тарифите за некои производи на ЕУ, велејќи дека тие немаат никаква „правна основа“, додавајќи дека американската проценка на штетите е „во голема степен преувеличена“.

„ЕУ се користи од трговијата со САД од многу години. Тоа наскоро ќе престане!“, напиша Трамп на Твитер.

Коментирајќи го планираниот потег, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер предупреди дека САД и ЕУ „не можат да си дозволат“ нов конфликт за европскиот авионски производител „Ербас“.

„Ербас“ од своја страна изјави дека последниот извештај на СТО ќе му овозможи на блокот да размисли за „уште поголеми контрамерки“.

Ден пред тоа канцеларијата на трговскиот претставник на САД (USTR) објави список со производи кои би можеле да се оданочуваат со дополнителни давачки. Тој вклучува неколку видови воздухопловни средства произведени во Франција, Германија, Шпанија или Велика Британија; различни видови храна, вклучително кисели млека, рибни стекови, вина и сирења, како и облека, постелнина и голем број други производи произведени во секоја земја-членка на ЕУ.

Спорот на Вашингтон со Брисел за субвенциите на „Ербас“, долгогодишен ривал на американскиот конкурент „Боинг“, датира од 2004 година, кога САД за прв пат се обратија кон СТО. Во 2011 година, СТО, изјави дека „Ербас“ добил 18 милијарди долари субвенции од ЕУ помеѓу 1968 и 2006 година

САД тврдат дека субвенциите од ЕУ предизвикале пад во продажбата на „Боинг“ и довеле до загуба на пазарниот удел во земјите во светот.

ЕУ, од своја страна, ги обвини САД во обезбедувањето на нелојална поддршка на „Боинг“, вклучувајќи даночни олеснувања и справување со проблемот преку СТО. Брисел тврди дека Вашингтон му има обезбедено на „Боинг“ субвенции од над 5 милијарди долари меѓу 1989 и 2006 година.

Заканата со царините доаѓа и во критичен момент за „Боинг“, кој падна во криза поради своите авиони 737 MAX, која се базира на стравови за безбедност по двата фатални инциденти.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO