Цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ од јули годинава ќе се намалат за 27 %, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати. Договорот што ресорните министри го потпишаа на Вториот дигитален самит за Западен Балкан е предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Идната недела посебно регулаторно тело треба да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година. Регулаторите и  телекомуникациските оператори до 1 јули треба да подготват акциски план и мапа за претстојните активности со прецизирање кој ден што ќе стартува.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO