Актуелниот шампион на Серија А Јувентус останува непоразен на домашен, откако направи целосен пресврт против Милан и победи со 2: 1 во дербито на 31-тото коло. Кшиштоф Пјонтек го отвори резултатот за гостите, предводени од Џенаро Гатузо, во 39-та минута на дуелот. Пауло Дибала го издедначи резултатот по точно час игра, а новата ѕвезда на „бјанконерите“ Мојс Кин го постигна победоносниот гол шест минути пред крајот на регуларното време.

Така, „старата дама“ се приближи на само една победа од осмата последователна титула во Калчото. Милан пак останува четврти на табелата, но може да биде изместен од Аталанта, кој му гостува на Интер денес. Во следните натпревари од шампионатот, Јувентус му гостува на СПАЛ, додека Милан е домаќин на Лацио.

Во последниот дуел од саботната вечер Рома постигна важен успех при гостувањето на Сампдорија со 1: 0 и се доближи до топ 4. Единствениот гол го постигна капитенот Даниеле Де Роси, на четвртина час пред крајот на натпреварот. „Волците“ се на бод од четвртиот Милан додека Сампдорија останува на средината на табелата со 45 поени. Во следниот круг Рома го пречекува на домашен терен Удинезе, а Сампдорија е домаќин на Џенова.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO