Холанѓанецот Вибе Валкер ја заврши својата тригодишна авантура во Сиднеј, Австралија, откако измина 95.000 километри со електричен автомобил, пишува Ројтерс. Целта на ентузијастот беше да го популаризира овој начин на транспорт во контекст на климатските промени. Вибе бил финансиран за време на неговото патување од страна на донатори кои му испраќале пари на специјален сајт.

Вибе помина низ територијата на 33 земји, вклучувајќи ги Турција, Иран, Индија, Мјанмар, Малезија и Индонезија, со модифициран „Фолксваген голф“ наречен „Син бандит“. Ентузијастот тврди дека пропатуваното од него растојание е најдолгото изминато со електричен автомобил.

Со едно полнење, ʺСиниот бандитʺ на Вибе изминува 200 км. Тој тврди дека за време на своето патување потрошил околу 270 евра за електрична енергија за полнење на своето возило. Ако го поминал истото растојание, но со обично гориво, ќе му биле потребни 6785 литри бензин.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO