Екипата на Гетафе го победи на домашен терен Атлетик Билбао со минимален резултат 1: 0 во натпревар од 31-тото коло на шпанската Ла Лига. Единствениот гол на средбата беше реализиран од Анхел Родригез во 78-та минута.

Инаку Баскијците упатија повеќе удари кон голот на Давид Сорија, но само еден од нив беше прецизен. Домаќините за возврат покажаа подобра ефикасност пред голот и освоија вредни три поени во битката за место во зоната Шампионска Лига.

Успехот на мадриѓани отвори разлика од четири бода пред Валенсија и Севиља, при што андалусијците имаат можност да ја скратат повторно на еден, при успех на гостувањето на Ваљадолид малку подоцна. Билбао пак останува на три бода од зона-Европа по поразот. Во следниот круг Гетафе му гостува на Ваљадолид, додека Атлетик е домаќин на Рајо Валекано.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO