Тимот на Баерн Минхен се справи на категоричен начин со отпорот на Борусија Дортмунд во дербито на 28-тото коло во Бундеслигата. Баварскиот гигант декласираше лидерот во првенството со 5: 0 на „Алијанц Арена“ и се врати на првото место. Домаќините ја почнаа одлично средбата и до 17-та минута веќе водеа со 2: 0.

Поранешниот играч на „жолто-црните“ Матс Хумелс даде тон за решителниот успех во 10-та минута, а седум подоцна друг поранешен фудбалер на Дортмунд – Роберт Левандовски се запиша за 2: 0. До крајот на првото полувреме играчите на Нико Ковач ги казнија грешките во одбраната на противникот уште два пати. Прво Хави Мартинез, а Серж Гнабри зголеми на 4: 0 две минути подоцна.

Во вториот дел дуелот се доиграваше, при што остана време за вториот гол на Левандовски во натпреварот – минути пред крајот на редовните 90. Така Баерн се врати на врвот во Бундеслигата со бод предност пред избраниците на Лисјен Фавро и шест круга до крајот. Во следниот круг Баерн и гостува на Фортуна Дизелдорф, додека Дортмунд го пречекува на домашен терен Мајнц 05.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO