Реал Мадрид наскоро ќе може да го финализира привлекувањето на белгискиот плејмејкер на Челзи Еден Азар, соопшти ʺМаркаʺ. Според авторитетното издание, двата клуба се блиску до постигнување договор за фудбалерот.

Азар во следните денови треба да го посети Мадрид за да го запознае градот и базата на неговиот нов клуб. Ѕвездата на Челзи веќе си бара дом во главниот град на Шпанија. Реал сакаше да го привлече играчот пред две години, но англискиот клуб побарал 200 милиони евра, што не му одговарало на „кралскиот клуб“. Сега ситуацијата е поинаква, бидејќи договорот на Азар со „сините“ истекува следното лето, а потоа може да замине како слободен агент. 28-годишниот белгиски репрезентативец отиде во Челзи летото 2012 година од Лил за 35 милиони евра. Оваа сезона учествувал во 31 натпревар на англиското првенство, во кои постигна 14 гола и асистираше за 12.

loading...
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO